Познатата модна дизајнерка Ребека Минкоф и оваа сезона како и минатата ја претстави својата колекција според стратегијата „ See, Buy, Wear “кога пред нејзиниот бутик во Greene Street во улога на модели се најдоа познати модни блогерки и ИТ девојки.

Ребека е пионер во новиот тренд во модната индустрија со кој веднаш по ревијата на обожавателите да им се дозволува да купуваат облека, и тоа директно од пистата, без притоа да мораат да чекаат шест месеци додека парчињата да се појават во нивните продавници. Свесна за феноменот на „брзата мода“ кој се вовлече во работата на реномираните брендови, Минкоф одлучи нејзините парчиња да бидат достапни веднаш по ревијата. „Откако го воведовме овој концепт нашата продажба скокна за 200%“ изјави дизајнерката која њујоршката публика ја воодушеви и со уште една новина. Имено, на нејзината ревија во улога на манекенки се најдоа познати модни блогерки и ИТ девојки кои во последните години ги запоседнаа првите редови на престижните модни случувања. Браво за Ребека!

Премини на следната страна >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?