Каролина Гочева, Елена Ристеска, Ермира Мехмети, Елена Велевска, Ева Нединковска, Сузана Гавазова, Јелена Јованова, Калиопи, Билјана Каран, Катарина Ивановска...

...Кристина Арнаудова, Ана Тодороска, Магдалена Ена Цветковска, Елена Анѓеловска, Маја Кикириткова, Мелита Ракичевиќ, Александра Накова, Наташа Петровиќ, Оливера Трајковска, Рената Кралевска, Сања Николиќ, Сара Марковска, Тамара Тодевска, Васка Леонтиќ, Верче Пандиловска, Викторија Лоба, Зуица Лазова, Амернис Нокшиќи-Јовановска, Ана Јовковска, Дани Димитровска, Ана Калачоска, Ели Клинчаревска Младеновска Elly Rasta Girl, Наталија Грубовиќ, Ноне, Слаѓана Цветковска, Сузана Ал-Салкини, Татјана Стојановска, Светлана Црнокрак, Александра Мијалкова, Нора Сам Шакири, Емилија Пандева, Хелена Роза.

Пред точно една недела ги предложивме сите овие прекрасни претставнички на понежниот за Жена на годината 2012 и ве замоливме да да гласате за вашата фаворитка. Најмногу „лајкови“ добија Каролина Гочева и Катарина Ивановска, а лелосната листа на најдобрите од најдобрите можете да ја видите подолу во текстот. Исто така, ве замоливме да дадете и ваши коментари и предлози, доколку мислите дека сме испуштиле некоја личност, која треба да се најде на листата. И сега, имајќи ги во предвид сите писма што ги добивме од вас и сите ваши коментари, дојдовме до следниов распоред:

 Каролина Гочева 

Каролина Гочева – име кое според вас, а и според нас, дефинитивно треба да стои меѓу најдобрите кога е во прашање избор за „Жена на годината 2012“, и поради нејзините музички способности, и секако, според нејзиниот изглед.

 Катарина Ивановска 

Катарина Ивановска – уште едно име на кое позитивно реагираме сите, поради нејзината вонсериска убавина, и успехот на модните писти. Не треба да ја заборавиме и нејзината улога во филмот Третото полувреме со која покажа дека освено во светот на модата, оваа девојка умее одлично да плива и во актерските води!

 Оливера Наковска - Бикова 

Македонската хероина Оливера Наковска – Бикова! Жена која ја немаше на нашата листата и за која не можевте да гласате со Like, но за која сме и повеќе од сигурни дека ќе се согласите дека треба да биде меѓу првите, особено како учесничка од спортската фела (големо БЛАГОДАРАМ до нашиот читател Рок Пророк и до неговите пророчки способности, бидејќи тој беше еден од првите што ја предложи Оливера!).

 Маја Кикириткова 

4. Маја Кикириткова - младата модна дизајнерка е дефинитивно лице кое не може да остане незабележано, што го покажа нашата публика со големиот број на гласови што и ги даде. Очигледно Маја и нејзината работа ви се допаѓа, само напред!

 Јелена Јовановска 

Јелена Јовановска и Наташа Петровиќ како две млади и талентирани актерки, кои освојуваат со својата појава и талент, без разлика дали се работи за филмско платно или пак за театарски штици. И двете се најдоа меѓу најдобрите затоа што едноставно на сите ни се допаѓаат, и затоа што, кога би се родиле во некоја друга држава, како на пр. во Америка, сега тие дефинитивно би биле големи филмски ѕвезди!

 Александра Мијалкова 

Ана Дурловски и Александра Мијалкова како прекрасни таленти кои доаѓаат на листата на Жена на годината од сантата мраз попозната како МНТ. Ана не беше на првичната листа поради наше невнимание, но поради вашето големо внимание и поддршка, и големиот број пораки во нејзин прилог, таа автоматски се најде меѓу најдобрите, како и што е редот...

 Оливера Трајковска 

Кога станува збор за лицата што сме навикнати да ги гледаме на нашите мали екрани, тука не може лесно да се пресечеме, но Татјана Стојановска, Оливера Трајковска и Ирена Спировска се дефинитивно трите имиња кои се најдоа меѓу фаворитите за Жена на годината за 2012. Кога ние би требало да избираме, ние би гласале за Оливера, но вие велите дека ви се допаѓаат сите три ... За волја на вистината, Ирена ја немаше на листата за гласање, но благодарение на нашите читатели, а богами и на нејзиниот шарм, таа брзо и лесно се најде меѓу најдобрите!

 Ермира Мехмети 

Ермира Мехмети – дефинитивно една од нашите и ваши омилени политичарки! Млада, убава, паметна и амбициозна, што повеќе треба?! Вашите коментари велат дека на листата требаше да се најдат и други политичарки, првенствено Весна Бендевска и Теута Арифи, а на нас пак ни е жал што ја заборавивме Маринела Тушева, но ... што е тука е, на некоја наредна листа сигурно ќе опфатиме повеќе политичарки кога веќе толку ги сакате, а сега да ја задржиме само Ермира и да ги оставиме другите да си тераат политика!  

 Сузана Гавазова 

Сузана Гавазова – која доби голема поддршка од публиката во изборот за жена на годината, благодарение на нејзиниот глас, а богами и стас, и која одлично плива во музичките води, секако соодветно облечена! Браво Сузе!

 Маријана Станојковска 

Маријана Станојковска – оваа прекрасна долгонога убавица не беше на првичната листа, што е наша огромна грешка, според бројот на коментари и пораки што ги добивме, од кои некои прилично строги ... Дефинитивно се согасуваме со вас дека Маријана треба да се најде на листата на најдобрите и експресно ја сместивме тука!

А сега, доколку сакате да ја видите листата и бројот на гласови доделени од страна на читателите, кликнете тука!

Ви благодариме за учеството, посебно што ги видовте нашите добри намери за нешто позитивно и покажавте добра волја за нешто интересно, па кликнавте Like. Особено им се заблагодаруваме на сите оние девојки и момци кои ни се обратија преку е-маил со свои предлози и коментари.

А сега, да не се чувствуваат запоставени момците, а богами и феминистките да не не обвинуваат за сексуална дискриминација и лош третман на жените, ќе ги истретираме малку и мажите преку избор на најсексапилниот маж на годината. Да, токму така, добро прочитавте, го употребивме зборот „сексапил“, па сите заеднички ќе видиме што подразбираме под овој термин! Текстот ќе го објавиме утре, на истата жица и во истото време, па додјете и „тумороу“, да си повисиме на Штипка и да прегледаме што имат да понудат македонските мажи! 


РЕСТОРАНИ

Каде и што да јадете?
Највкусните јадења...
Оди во Шопинг »



ХОТЕЛИ

Хотели во Македонија
Рубрика за туризам...
Т. Агенции »



МОДЕРНА

Ахх.. модерни времиња
Рубрика за мода...
Трендови »



ШОПИНГ

Шопинг манија
Рубрика за шопинг ...
Попусти »



КУЛТУРАТОР

Party People
Секс, гламур и (не) култура ...
Настани »





Топ модели
Најдобрите модели од Македонија и светот...
Пријави се »


MAGAZINE

Разгледај го »


КЛУБ

Рекламирај се
Ако сакате вашиот бизнис да биде дел од Штипка, контактирајте не:
++ 389 71 318 485
Прати E-маил »


maskara
red-is-my-colour

Есенскиот маникир на нашата модна блогерка Александра Везилка: Red is my colour!


20 Октомври 2014, 13.34
 Блогерија 
Октомври. Месец на новата сезона на Моден викенд Скопје. Месец на подигнување на свеста за борбата против рак на дојка... Октомври. Месец на новата сезона на Моден викенд Скопје. Месец на подигнување на свеста за борбата против рак на дојка. Месец на промени. Кога ги посетив моите пријателки...
Прочитај повеќе »
blogergata-eleonora

Прекрасниот стил на модната блогерка Елеонора Кариш


08 Октомври 2014, 15.28
 Блогерија 
Елеонора Кариш е блогерка која не само што изгледа прекрасно, туку има и истенчен вкус за мода така што секоја нејзина комбинација е полн погодок. Таа е позната блогерка од Италија, но повремено и дизајнерка на некое парче кое што потоа обожава да го носи и да се фотографира со него, а нејзиниот...
Прочитај повеќе »
jelena-rozga-kombinacii

Три преубави есенски комбионации со Јелена Розга


21 Август 2014, 11.07
 Блогерија 
Погледнете ги street-style комбинациите на познатата хрватска пејачка Јелена Розга со кои таа се фотографираше на улиците во Сплит. Фотографиите се направени ексклузивно за хрватскиот моден блог Street Style Seconds, а бидејќи Јелена е заштитно лице на италијанскиот бренд Liu Jo, таа покажа три...
Прочитај повеќе »
najdobrite-autfiti-na-kardashian

Кои беа најдобрите аутфити на Ким Кардашијан во 2014?


23 Ноември 2014, 08.54
 RED CARPET 
Кога станува збор за трендовите, Ким е една и единствена (впрочемн како и за многу други работи ...) Од краткиот топ што го носеше во Лос Анџелес, па се до преубавиот пастелен капут во Париз, госпоѓа Кардашијан, со своите модни комбинации, секогаш е во центарот на вниманието. Таа, без...
Прочитај повеќе »
spanska-paelja

Не знаете што за ручек? Наш предлог за денес - шпанска паеља


25 Ноември 2014, 12.55
 Рецепти 
Што може да биде покарактеристично за Шпанија од Паељата? Многу е тешко како турист да добиете добра паеља. Taa традиционално се готви во големи тави на жар од гранки од портокал, но денес ќе ви претставиме еден рецепт кој можете да го направите во Вашата кујна. ПОДГОТОВКА ШафранКромид...
Прочитај повеќе »