Ако сакате да дознаете каков отприлика ќе ви биде сексот со новото момче дури и пред да се случи тоа, нема потреба да гледате помеѓу нозете, а ниту во стапалата, затоа што бабинската приказна за поврзаноста на големината на стапалата и пенисот, не е многу веројатна.

dlanka

Ако сакате да дознаете каков отприлика ќе ви биде сексот со новото момче дури и пред да се случи тоа, нема потреба да гледате помеѓу нозете, а ниту во стапалата, затоа што бабинската приказна за поврзаноста на големината на стапалата и пенисот, не е многу веројатна. Наместо тоа, погледнете во неговата дланка. Имено, научници од Кореја спровеле едно интересно истражување за да ја откријат можната врска помеѓу должината на еден прст и пенисот. Тие ја мереле разликата во должината на показалецот и до малиот прст, па според нивните тврдења, разликата во нивната должина ја одредува и должината на пенисот. Тие ова истражување го спровеле на над 144 мажи. Нивниот заклучок гласи дека колку е поголема разликата во должината на овие два прста, значи дека и пенисот е подолг.

Не, љубомората не е знак дека ве сака >>

„Според нашите резултати, колку повеќе вашиот показалец е пократок во однос на до малиот прст, толку повеќе пенисот ви е голем“, вели еден од истражувачите кој тврди дека тоа е последица на хормоните која мајката ги испушта уште во бременоста, затоа што ако се изложени на поголема количина тестостерон, поголема ќе биде и разликата. Од друга страна. жените во матката се излоени на естроген, поради кој прстите им се со отприлика еднаква големина. Па, како што велат овие истражувачи, мажите со воочливо нееднаква должина на прстите имаат помажествени црти на лицето и попривлечни им се на жените.


Booking.com