matte

Можеби сега не го согледувате тоа, но порано или подоцна ќе се заљубите во некој од следниве видови момци...

 vidovi

Можеби сега не го согледувате тоа, но порано или подоцна ќе се заљубите во некој од следниве видови момци...

 

Братот на вашата пријателка

Ќе ги гледате заедничките фотографии, ќе ги слушате омилените песни, ќе го научите омилениот парфем...

Фиктивен лик

Можеби станува збор за главниот актер од вашата омилена серија или јунак од незаборавниот роман, но сигурно во некој момент ќе се фатите себеси како фантазирате за него.

Келнер

Не го познавате, но тој е повод за да го посетите кафулето. Неретко сонувате за него, за вашите заеднички моменти...

Пријател на вашето момче

Не дека навистина би се впуштиле во некоја авантура со оваа личност, но во некој паралелен свет, доколку не би биле со сегашното момче, дефинитивно би го избрале неговиот најдобар пријател.

Недостижното момче

Помеѓу вас секогаш постоела некоја хемија, но кога вие сте биле слободни, тој бил во врска, и обратно. Можеби во некој друг живот работите би биле поинакви...

Колегата од работа

Со месеци сте се труделе да се зближите со него, сакајќи да напредувате во вашата кариера, но на крај излегува дека навистина сте се зближиле толку многу, што тој често е во вашите фантазии.

Момче кое никогаш нема да биде ваше

Мислите дека е неверојатно секси и шармантен, но ви се чини дека тој не го мисли истото за вас. Не затоа што тоа не е така, туку затоа што едноставно не сте негов тип. Но, во вашата глава вие сте идеален пар.

Момче кое сте го виделе еднаш во животот

Не знаете кој е, од каде е, ниту пак каков е, но затоа добро се сеќавате на неговата насмевка, облека, а и на волшебниот момент кога се сретнале вашите погледи.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО