matte

Вистинскиот маж ја почитува и ја третира жената како рамноправна на себе, а не како суштество кое го продава своето тело за да го задоволи.

1 znaci

Вистинскиот маж ја почитува и ја третира жената како рамноправна на себе, а не како суштество кое го продава своето тело за да го задоволи. Погледнете гиовие четири знаци кои покажуваат дека партнерот до вас навистина ве почитува.

 

1. Учествува во разговорот

 

Најдобар показател за тоа дека некој ве почитува, е доколку го слуша она што го зборувате. Доколку поставува прашања и со одредени сигнали покажува дека ве слуша, значи дека му е важно она што го зборувате. Дури и кога не се согласува со она што го зборувате, тој внимателно ве слуша и е заинтересиран за вашите аргументи.

2. Љубезен е

 

Не станува збор за оние момчиња кои се толку љубезни што дури и се досадни. Вистинскиот господин е суптилен и угледен. Тој нема да биде сексуално агресивен и нема да ви даде илјадници комплименти кои ги дава на секој жена. Тој ќе започне разговор, но ќе ја следи и вашата реакција и вашите сигнали. Тој не е насилен и знае кога треба да замине.

3. Не се преправа дека е џентлмен

 

Нему не му е проблем доколку вие сакате да ја платите вечерата или самите да ја отворите вратата. Тоа нема да го повреди, туку ќе ја почитува вашата потреба да бидете самостојни.

4. Се прилагодува на ситуациите

 

Нему не му е проблем да разговара со вас ако вам тоа ви е потребно, или пак ако сакате да бидете одреден период сами. Нему му е грижа за тоа како се чувствувате и ги следи вашите желби, затоа што ве смета рамноправни на себе.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com