Иако истражувањата покажале дека мажите во врската се чувствуваат значително помалку виновни отколку жените, сепак, и тие не се толку бесчувствителни.

grizha

Иако истражувањата покажале дека мажите во врската се чувствуваат значително помалку виновни отколку жените, сепак, и тие не се толку бесчувствителни. Погледнете поради кои постапки тие чувствуваат најголема грижа на совест.

1. Често се „задеваат“

Тие често знаат да се задеваат без причина или како шега, но сепак, жал им е кога го прават тоа. Тие знаат дека жените тоа ќе го сфатат како критика и ќе поминат подолго време анализирајќи. Затоа, понекогаш се чувствуваат лошо откако ќе дадат некој коментар за навиките или изгледот на жените.

2. Не се нежни како на почетокот

Како што поминува времето, мажите сѐ повеќе се опушќаат во врската. За нив тоа опуштање значи дека веќе не треба да ги освојуваат жените како на почетокот, па престануваат со романтиката и нежностите. Токму поради тоа жените се чувствуваат запоставени, а мажите се свесни за овој пропуст и понекогаш имаат грижа на совеста.

grizha

3. Забораваат важни датуми

Кога станува збор за важни датуми, жените се прилично педантни, за разлика од мажите кои повеќе забораваат, па може да се случи да заборават датум на годишнина или пак роденден. Тие добро знаат дека погрешиле и тоа малку ги повредува.

4. Не сакаат многу да разговараат со жените

Не е тајна дека жените може да зборуваат со саати и дека сакаат да анализираат, но сепак, посилните половини не се толку расположени за разговори. Тие не мислат ништо лошо и се трудат да дадат најмногу од себе. Ним им е жал што не можат да пружат онолку разговор колку што сакаат жените.

grizha

5. Кокетираат со други жени

Иако не можат да одолеат да се впуштат во некој флерт, тие се свесни дека со тоа може да ги повредат жените, па малку имаат грижа на совест.


Booking.com