На сметка на оваа поза вообичаено се прават шеги, се смета за застарена, досадна, премногу едноставна...

На сметка на оваа поза вообичаено се прават шеги, се смета за застарена, досадна, премногу едноставна... Меѓутоа, жените ја обожаваат, а во продолжение погледнете што мислат мажите за мисионерската поза.

1. Познато е дека мажите се визуелни типови, а во мисионерската поза тие немаат многу што да видат од акцијата и телото на жената. Тој ве гледа во лице, но тоа и така секојдневно го прави најмалку сто пати... Така, се смета дека секоја друга поза му овозможува подобар поглед на вашето тело.

2. Еден со друг сте лице в лице, па понекогаш непријатниот здив или ако малку сте настинати, може да биде проблем.

3. Му се чини дека тој ја врши напорно сета работа, додека вие уживате...

4. Смета дека мисионерската поза е многу обична, стандардна, премногу едноставна. Таа ја практикувале родителите, бабите и дедовците, па изгледа премногу старомодно.

5. Размислува за тоа дека вам не ви е многу удобно затоа што ве притиска со своето тело, тешко дише, поти... Таквите размислувања го обесхрабруваат и му ја убиваат желбата.

6. Што да прави со рацете? Секако, може да ги стави под вас или на страна, но сепак се чувствува некако чудно.

Премини на следната страна >>


Booking.com