FaceBook  Twitter  

Најголемата причина зошто дамите губат желба за секс е стресот.

Напнатоста која произлегува од стресот има силно влијание на слабата желба за секс. Но не заборавајте дека постојат трикови со кои можете да го зголемите либидото кај жените дури и кога таа е нервозна и изморена.

Иако стресот не можете со магија да го исфрлете од животот и така да го подобрите сексуалниот живот, постојат и некои начини на кои можете да ја зголемите желбата за секс.

Затворете ја вратата на секојдневните непријатности

Обидете се да се смирите така што ќе прочитате некоја добра книга, ќе испиете чаша или две добро вино или ќе водите шеговит муабет со партнерот во вашата спална соба. Научниците тврдат дека секој може со малку напор да го тргне вниманието од изворот од кој доаѓа напнатоста и да го насочи кон нешто друго што ќе носи олеснување.

Погледнете како изгледа совршен пенис според мислењето на жените >>

Не одложувајте го сексот за крај на денот

Повеќето жени не се расположени за секс по напорниот ден, но зошто тогаш не водите љубов наутро? За мажите е идеално време за секс поради големото ниво на тестестерон во организмот е наутро, додека жените се најопуштени и најодморени во овој период од денот што е потполно добитна комбинација, нели?

Вежбајте редовно

Физичката активност го намалува нивото на кортизол – хормонот на стресот кој е најлошиот непријател на женското либидо. Овој хормон е задолжен за трупање сало на стомакот, затоа лесни физички активности како што се прошетка или чистење на станот е добро бидејќи не само што го поправа расположението туку и ја поттикнува сексуалната желба.

Предвремена ејакулација – како да се справите со неа >>

Не избегнувајте телесни контакти

По напорниот ден дозволете му на партнерот да ве измасира или нежно да ве допре и гали. Тоа не мора да заврши со секс, но ќе ве поттикне на секс, бидејќи допирите ви нудат сигурност, носат чувство на опуштеност и возбуденост, ве ослободуваат од напнатост.

Нема ништо полошо за секс од сува вагина! Ова може да ви помогне >>

Ќе бидете изненадени колку брзо ќе ви се врати желбата за секс!

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Ресторанот Маракана се наоѓа во средиштето на Градскиот парк во Скопје. ...
BEST WESTERN Hotel Bellevue е лоциран близу скопскиот аеродром, но не деалеку и од центарот на градот. ...
Дојдете во хотел Александрија и уживајте во прекрасниот поглед на Охридското езеро ... ...
Хотел Метропол**** е дел од Metropol Lake Resort
ВЕРУВАЈТЕ вашите вкусови ќе бидат задоволени.