matte

Велат дека жените дури во 30-тата почнуваат навистина да уживаат во сексот, но по се изгледа дека тоа не е никаков биолошки феномен туку едноставно недоволното познавање на самите себеси и срамежливоста.

На пример ако не сте сигурни дали некогаш сте доживеале оргазам, тогаш – НЕ сте го доживеале! Точка. Време е да тргнете во акција, а овие неколку чекори ќе ви помогнат сексот да го доживеете како потполно ново и многу подобро искуство.

1. Слободно побарајте го тоа што го сакате од партнерот

Покрај тоа што не можат да ви ги читаат мислите, секој е различен и има свои сопствени желби, потреби, осетливи точки... Затоа не бидете бајага, туку кажете му ги на партнерот вашите фантазии, кажете му доколку нешто ви пречи или не ви одговара и што е она што би сакале најмногу да го правите заедно. Сексот нема да се поправи самиот од себе, но можете многу да го подобрите ако се потрудите и ако заеднички работите на тоа.

2. Престанете да глумите оргазам

Наместо да се преправате дека уживате за да му ласкате (иако звучи глупаво, но некои жени се многу добри актерки кога се љубовните игри во прашање!), научете го вашиот партнер како да ве задоволи и почнете навистина да уживате. Ќе видите, резултатот ќе биде обострано задоволство бидејќи и ним им е ОК кога ќе ве доведат до оргазам.

3. Ако сакате да добиете, морате и да дадете

Себичноста не е секси, драга!

4. Тоа важи и за него

Да се задоволите самите себеси можете и сами, нели?! Но, поентата во сексот е меѓусебно да ја ставате другата личност на прво место и да се обидете да го задоволите. Доволно е само едниот партнер да е себичен и се паѓа во вода. Затоа не согласувајте се со тоа, вашето задоволство мора да му биде на прво место, подеднакво како што и вам треба да ви биде неговото. Не е комплицирано, нели?

5. Не гадете се од голтање

Научете да уживате во телесните течност, без разлика дали сакате помалку да чистите по сексот или пак сакате неред. Во секој случај, спермата нема да ве убие, па научете се да се забавувате со неа. А и нему тоа ќе му се допадне!

6. Доколку проба анален секс без прашање, нема опростување!

Основното правило во секој сексуален однос е согласноста. А ако без прашање и ваша желба сака да проба анален секс, од ведро небо, тогаш не е вреден внимание бидејќи или е кукавица или нешто многу полошо.

7. Можете да мастурбирате и во друштво

Ако почнете да се допирате и му заповедате дека смее само да ве гледа, ситуацијата би можела да се развие на обострано задоволство.

8. И двајцата треба да чистите

Ако само му ја фрлите крпата по сексот, секако дека нема да се чувствува пријатно. Затоа засукајте ги ракавите и почистете заедно и ќе видите дека и ова може да биде забавно (барем така гледајте на ова!), и тоа и за двајцата

9. Заборавете ги мажите кои не сакаат предигра

Сериозни сме!

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com