Слободно покажувајте интимност во јавноста.

 par

Слободно покажувајте интимност во јавноста. Ова не го подразбира тинејџерското француско бакнување во автобус. Нежниот допир со рацете по грбот, лицето или косата, е доволен за на светот да му порачате дека вие двајцата сте едно цело и дека сте горди на тоа. Секогаш одете заедно на спиење. Тоа не значи дека секоја вечер мора да водите љубов. Суштината се состои во допирите и заедничките разговори и планови пред спиење. Заедничкото поминано време е многу важна за емотивна поврзаност. Верувајте си еден на друг и не дозволувајте да бидете злопамтила. Секојдневно кажувајте си „Те сакам“ и „Ти посакувам убав ден“. Тоа е одличен начин да го мотивирате вашиот партнер да ги надмине секојдневните проблеми.

Прегрнувајте се секогаш кога ќе имате прилика. Посветете се на она што му е важно на вашиот партнер и пофалете го секогаш кога ќе направи нешто добро. Замижете понекогаш кога греши. Секако, под услов тоа да не е секојдневна појава. Развивајте ги хобијата во кои и двајцата уживате. Но, не запоставувајте ги ниту вашите хобија и интереси, затоа што токму страста кон она што го правите, ве прави поинтересни.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?