Разменувате секси фотографии и пораки за тоа што ќе си правите еден на друг во текот на вечерта, а тоа дополнително ќе ја зголеми и возбудата...

Дами, не губете нерви, не мора да бидете како главната хероина од „50 нијанси на сиво“ како би го „зачинеле“ својот сексуален живот.

Лоши вести? Вашиот фраер е поголем авантурист од вас во креветот. Добра вест? Не морате да ги имитирате порно дивите или да користете камшик за да ја откриете својата дива страна. Потребни ви се само неколку сексуални „орудија“ и забавата може да започне. 

1. Маскирајте се

Одберете некој лик (медицинска сестра, собарка, полицајка...), зграбете го костимот и изненадете го! На тој начин ќе се претставите како некој друг и со тоа ќе ги решите и сопствените несигурности. Кога учествувате во оваа игра, можете да изговорите и направите било што, иако тоа во „нормални“ околности никогаш не би го сториле.

2. Предиграта започнува порано

Разменете секси фотографии и пораки за тоа што ќе правите кога ќе се видите и со тоа дополнително ќе се зголеми и возбудата, од самото исчекување. Кога конечно ќе се видите, ќе бидете спремни веднаш да ја соблечете облеката. Секси пораките се одлична работа за подгревање на страстите, само треба внимателно да ги праќате, како не би завршиле на погрешно место. А во фотографиите во никоја случај не ставајте го сопственото лице, така да доколку некаде и „протечат“, никој нема да ве препознае.

3. Менувајте го местото

Секс во вашиот удобен кревет и тоа секогаш во истото време и на ист начин - малку е досадно, нели? Но не заборавајте дека истите пози на некое друго место можат да бидат многу повозбудливи! Затоа најдобро е да го зграбите фраерот и да пробате да водите љубов на отворено. Ако тоа ви е премногу (иако не би требало да ви биде), правете „буги-вуги“ во некоја друга соба или на подот, скалите, трпезариската маса или пак во бањата.

4. Снимајте се

Снимањето на вас и вашиот партнер како имате секс е еден од зачините кои загарантирано ќе ве возбудат и двајцата, вашиот секс ќе се подигне на сосема ново ниво. Сознанието дека сте пред камера ќе го извлече најдоброто од вас!

5. Иницирајте секс

Не смеете секогаш да чекате вашиот фраер прв да иницира секс. Изненадете го веднаш штом го видите, кога тој најмалку го очекува тоа! Ова можеби не изгледа како некоја голема работа, но факт е дека вие ја преземате контролата и тоа дополнително ќе го возбуди. Малку авантуризам во спалната соба не мора да вклучува некои огромни промени, така што самото преземање на иницијативата може да ви ја открие вашата дива страна.

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?