Бонсаи е растение кое може да биде со различна големина.

bonsai

Бонсаи е растение кое може да биде со различна големина. Неговата висина варира, па големите растенија се од 45 до 46 сантиметри, додека пак малите се со големина под 13 сантиметри. Обликувањето и одгледувањето на малото дрво во саксија, е вистинска уметност. Повеќе од илјада години оваа билка е позната во Јапонија и во Кина, додека пак во Европа е застапена последните десетици години.

Садење и одгледување бонсаи

Најдобро време за сеење на оваа билка е во есен, а тоа е најдобро да го правите од семе. Трудете се земјата постојано да ја одржувате влажна, а со оглед на тоа дека ова е тропска билка, саксијата со семе треба да ја ставите надвор. По одредено време, садницата би требало да ја пресадите во саксија со големина од 10 до 13 сантиметри. Што се однесува до размножувањето, тоа можете да го вршите или од гранки или од семе. Најпогодно време за размножување со гранки е во рана пролет. Бонсаи дрвцето сака топлина и влага. Неговата убавина ќе ви биде најубав декор во вашиот дом, но треба да вложите повеќе внимание за негово обликување. Што се однесува до вадењето, за оваа билка важи правилото да се полева со вода кога ќе се исуши земјата.

Одлики на силните мајки: без нив, никој од нас не би бил таму каде што е денес >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?