Ако немате клима уред во вашиот дом, тогаш можете да се снајдете на друг начин.

 

Ако немате клима уред во вашиот дом, тогаш можете да се снајдете на друг начин. Всушност, својот дом можете да го разладите со помош и на класичен вентилатор, доколку се послужите со неколку трикови. Се работи за едноставни методи кои нема да го загрозат вашиот куќен буџет, а температурата во просторот ќе стане многу поудобна.

Со помош на коцки лед

Ставете широк плиток сад пред вентилаторот и наполнете го со коцки лед. Како вентилаторот дува кон ледот, така во просторијата ќе се шири поладен воздух. Тоа ќе потрае додека не се стопи ледот, а потоа само додајте нов.

Помага и заледената вода

Слично како и во првиот пример, но наместо коцки лед, ставете пластични шишиња кои претходно сте ги наполниле со вода и сте ги заледиле. Овој начин дури е и подобар, затоа што парчињата лед се поголеми и побавно ќе се стопат од коцките.

Ледот замотајте го со пешкир

Кај овој начин на разладување на просторијата можете да користите или коцки лед или заледена вода во шишиња. Едното или другото замотајте го во крпа, заврзете ги двата краја и закачете го помеѓу два стола. Тоа ставете го пред вентилаторот, а под големата крпа ставете празен сад во кој ќе капнува растопениот лед.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?