matte

Реми Пирс веќе година дена го дои своето бебенце и на Инстаграм реши да покаже дека за неа тоа воопшто не било лесно.

Таа боледувала од маститис, болна инфекција која се случува кога ткивото ќе добие воспаление и ќе се затнат млечните канали, а нејзе тоа и се случи бидејќи и беше срам да дои во јавност. Иако сите доктори тврдат дека доењето е најдобра опција Реми тврди дека ниту еден не ја предупредил на потенцијалните предизвици и опасности. Како резултат таа доживеала голема траума бидејќи мислела дека нешто со нејзиното тело не е во ред.

„Млекото ми тргна пет дена по породувањето. Не знаев дека му треба толку време. И додека другите бебиња спиеја со полни стомаци, мојот син врескаше и плачеше закачен за моите гради преку цела ноќ – напиша Реми на Инстаграм под една од нејзините фотографии.

Таа немаше поддршка од другите мајки да и помогнат кај испуканите брадавици и болката која што ја има за време на доењето. Реми е свесна дека дохранувањето на бебето е многу полесен начин, но сите и зборуваа дека е грев да му го скрати доењето на бебето. Но кога едно утро се разбудила во 3 часот по полноќ со температура и неверојатни болки не знаеше какви ужасни компликации може да предизвика овој природен чин. Таа се потеше и тресеше, а истовремено имаше и огромни болки и и беше студено.

Побарала совет од нејзиниот очув кој е лекар и тој ја посоветувал да земе лек за температура и да се обиде да заспие. Но таа цела ноќ повраќала и не можела да заспие. „Таа ноќ добив сепса бидејќи не успеав да ги препознам првите суптилни знаци на маститис.“ напиша таа.

Најочигледниот симптом за маститис се црвените, воспалени гради како што можете да видите на нејзините фотографии. Откако ја одвеле брзо во болница и и’ дале морфиум, лек за мачнината и силен антибиотик, нејзината состојба се стабилизирала. 

Причината за воспалението на дојките е што не користела пумпичка за доење, но и затоа што од срам не го доела бебето во јавноста и доволно не ги празнела градите. Затоа Реми денес нема проблем да дои во јавноста и со оваа објава на Инстаграм сака да им помогне на сите жени кои се наоѓаат во слична ситуација, да не се соочат со истите проблеми.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО