Елиза Кирби на почетокот на 2016 година ја роди ќеркичката Чарли.

Таа тогаш немаше многу време помеѓу паузите во доење, повивање и бањање да се грижи и за самата себе, а камоли за контрацепција. Таа верувала дека е безбедна се додека дои. Но во нејзиниот случај тоа се покажа како празна приказна бидејќи само шест недели откако се породи со ќеркичката дозна дека е бремена со близнаци.

Мажот и Елиза беа шокирани од ова сознание:

„Знаев дека сум трудна, бидејќи го имав тоа препознатливо чувство кога се будев, како некој со палка да ме удрил во главата“, изјави оваа Австралијанка.

Таа веднаш направи тест за бременост и тоа четири пати, а најголемо изненадување и беше кога го посети докторот.

„Кога гинекологот ни кажа дека очекуваме близнаци, едноставно не можевме да поверуваме. Бен во тој момент пребледе во лицето. Беше тоа непроценливо искуство“, раскажува Елиза.

Инаку, овој пар заедно се само две години, а поголемиот дел од времето Елиза е бремена. „Ние навистина сме добар тим. Близнаците сакаат многу внимание, а и нивната постара сестричка. Сепак, иако сега сме во малку поголема гужва, навистина уживаме во благодатите на родителството“ раскажува оваа неверојатна мајка.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?