ban2

На прашањето на нашата читателка одговори Јасминка Стојановска, лиценциран застапник за Осигурување во Македонија.

Фото: Илустрација

Ако имате прашање поврзано со сите типови (животно и неживотно) осигурување, слободно поставете го на нашите стручни лица кои се професионалци во оваа проблематика. Повеќе за ова можете да дознаете тука.

ПРАШАЊЕ

Веќе направив полиса за животно осигурување. Можам ли понатаму  да вршам промени на начинот на плаќање и сумата која ја плаќам?

 

ОДГОВОР

Ова се промени кои можете да ги направите за целото времетраење на договорот за животно осигурување. Сумата која сте ја договориле да ја уплаќате, веќе наредната година или во било која следна година можете да ја зголемите или намалите, соодветно на вашите финансиски можности. Секако треба да се има предвид дека постојат минимални годишни уплати под кои не можете да одите (најчесто тоа е 250 евра на годишно ниво). Соодветно на вашата промена на уплатата, Осигурителната компанија со која сте го склучиле договорот ја променува (зголемува или намалува) Осигураната сума во договорот.

Да се осигураме или не - дали ни е потребна полиса за животно осигурување?

Што се однесува до начинот на плаќање на полисата, уште на самото договарање постојат неколку можности – еднократно (годишно) , на две рати (полугодишно) , на четири рати (квартално) , а во некои случаи постои можност и за месечно плаќање. Каков облик на плаќање да се избере при договарањето на полисата, тој може да се промени веќе наредната или било која последователна година, ако тоа повеќе му одговара на клиентот.

Било какви промени на полисата можат да се вршат само на лично барање на договарачот на полисата, т.е. личноста која ги уплаќа средствата. Никој друг во негово име не може да направи било каква промена на договорените услови во полисата.

Дали можам да ја искористам полисата за животно осигурување ако ми требаат пари?

За било каква промена да може да се изврши, потребно е полисата да биде активна, клиентот да пополни и потпише „барање за промена на полиса” во кое се наведуваат сите потребни податоци и промени, како и датумот од кога тие промени ќе станат активни.

 

Јасминка Стојановска, лиценциран застапник за осигурување

Вашите прашања испраќајте ги на нашата редакциска адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Напомена: Одговорите на нашите стручни лица се исклучиво од информативна природа, а за сите подетални информации во врска со оваа проблематика слободно обратете се на нашата е-маил адреса или на телефонскиот број +389 76 317 930.

Поставете го вашето прашање, тука сме да ви помогнеме!

 

 

 

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?