По раѓањето, мајчиното млеко ја продолжува улогата да биде заштитник и хранител на бебето. Тоа ги содржи сите антитела кои помагаат да се спречат болести и разни инфекции.

Антителата се неопходни во првите шест месеци, кога имунолошкиот систем на новороденчето тукушто се развива, но и подоцна, до првата година од животот, според УНИЦЕФ. Мајчиното млеко го чува и штити организмот на бебето од различни инфекции и алергии. Се проценува дека со доење може да се спаси животот на новороденчиња во сиромашните земји, а би можело да се избегне и смртта на 800.000 деца од целиот свет. Доењето го продолжува животниот век на детето и го намалува ризикот од дијабетес и дебелина покасно во животот.

Една студија објавена во британскиот медицински журнал „Лансет“ ги нагласува предностите на доењето, не само за бебињата, туку исто така и за мајките. Истражувачите сметаат дека доењето може да спаси околу 20.000 жени на рак на дојка и на јајниците.

Процентот на доење е релативно низок

„Важно е глобално да привлечеме внимание кон важноста од доењето. Постои голема предрасуда дека мајчиното млеко може да се замени со вештачки формули, што, всушност, доведува до бројни здравствени последици“, вели авторот на студијата, професор Цезар Виктор на Универзитетот „Перолатс“ во Бразил.

Во високо развиените земји, дури секое петто дете мајката го дои до првиот роденден. Во средно и слабо развиените земји, децата се доени помалку од шест месеци.

На глобално ниво, процентот на доење на бебињата е релативно на ниско ниво, особено во развиените земји. Мајките доењето главно го сметаат или за непрактично, или, пак имаат проблеми со доењето. Експертите посочија на економското влијание од доењето врз општеството, бидејќи со доењето може да се намалат трошоците за лекување на разни заболувања кои можат да се појават подоцна во животот на детето.

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?