ban2

Децата родени во текот на летните месеци при раѓање имаат поголема тежина, повисоки се и поздрави од бебињата родени во постудените месеци. За овие разлики заслужни се мајките, трудници, кои уживале на сонце.

Во истражувањата кои ги потврдуваат овие тврдења учествувале околу еден милион луѓе, а заклучокот го потпишале експерти од Универзитетот во Кембриџ.

„Месецот во кој сте зачнати најчесто е резултат на случајност. На времето на зачнување не влијае ниту социјалниот статус на родителите, ниту годините, здравјето или нивните генетски предиспозиции. Анализирање на месецот во кој сте родени, според тоа, е клучен избор за идентификување на влијанието на околината врз детето пред неговото раѓање“, изјави водечкиот истражувач, д-р Џон Пери.

Тимот експерти ги потврди наодите дека годишното време во кое сме родени влијае врз висината и тежината на новороденчето, но отишле и чекор понатаму. Ги споредиле тие податоците со почетокот на пубертетот, што е важен индикатор за тоа какво здравје ќе имааат децата како возрасни. „Во ова истражување, месецот на раѓање за прв пат е поврзан со пубертетот. Мило ми што можам да кажам дека помеѓу овие два фактори постои поврзаност“, додава докторот Пери кој го водеше истражувањето.

Премини на следната страна >>

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?