Верувајте, на ова топло време, ова е подобро од секс ...

Верувајте, на ова топло време, ова е подобро од секс ...

Нема ништо подобро кога преку топлиот викенд планираме да го поминеме во излежување, но и мала детоксикација на организмот. Пловиме низ период од годината кој покрај пеколно високите температури се одликува и по тоа што има најмногу овошје, зеленчук и разноразни нутриенти со кои можеме да се нахраниме, а нашиот организам да ни биде благодарен. И уште ако го правиме ова неколку дена по ред, ќе почувствуваме како нашето тело сака да почне да ни пее песни и да се радува на сиот глас. Особено ако претходно сте го занемарувале и не сте внимавале на исхраната. Па погледнете ги овие три фит рецепти за пијалаци кои ќе ве окрепнат, но и ќе ве наполнат со позитивна енергија која и те како ви е потребна без разлика дали тукушто сте се вратиле од одмор или наскоро треба да се пакувате и да заминете.

Овошен оргазам

Во еден литар вода исцедете лимон, додадете малку природни сладувачи од агава и овошје по избор. Оставете го напитокот да се излади и овошјето да го пушти својот сок, а потоа послужете и опуштете се максимално додека уживат ево неговиот божествен мирис и вкус.
 

Витаминска бомба

Уште една совршена верзија на сок со лимон, но овој пат со повеќе овошје.  Потребно е да изрендате малку ѓубир и да исцедете сок на кој ќе му додадете вода и сок од лимон по желба. Засладете со мед и додадете свежи листови нане.

Смути со банана и ананас

Третиот напиток може да ве засити па нека ви послужи и како меѓу оброк. Една банана и коцки од ананас помешајте со малку кефир и измешајте во блендер. Послужете со парчиња лимета и ананас, и свежо нане.

На здравје!

 

 


Booking.com