Денес ви прикажувам еден евтин, но вкусен десерт кој веруваме дека ќе ви се допадне.

bombici

За подготовка на овој сладок и лесен рецепт, потребно ви е:

- ½ килограм бисквити
- 150 грама ореви
- 250 грама маргарин
- ½ тегло слатко од смокви
- Рум (по желба)
- Кокос

bombici

Начин на подготовка:

Бисквитите и оревите се мелат, а смоквите ситно се сечкаат. Потоа се соединуваат сите состојки и добро се мешаат додека не стане изедначена смеса. На крај, се прават топчиња и се валкаат во кокос.

 


Booking.com