Испробајте го овој рецепт за сладолед за кој ви се потребни само три состојки, а нив може слободно да ги менувате и да ги збогатувате со различни додатоци.

sladoled

Испробајте го овој рецепт за сладолед за кој ви се потребни само три состојки, а нив може слободно да ги менувате и да ги збогатувате со различни додатоци.

Потребни состојки за 4 порции:

- 1 банана
- Јагоди
- Листови од свежа мента

sladoled

 

Постапка за приготвување:

1. Замрзнете ги јагодите и бананата, а потоа извадете ги од замрзнувачот и оставете ги неколку минути надвор, колку да можете да ги мелете (но сепак во поголем дел нека останат замрзнати).

2. Потоа мешајте ги со миксер или блендер, додека не добиете густа смеса. Ако е потребно додајте малку вода. Потоа додајте ги листовите од мента, па повторно промешајте.

3. Ставете ги во сад, затворете го и вратете го во замрзнувач. Ладете го додека не стане цврсто, но сепак да можете да го извадите со лажица (сладоледот можете да го промешувате на секои 15 минути, да го промешате, па повторно да го вратите во замрзнувач).

Дополнителни совети:

Количината на јагоди и мента додајте ја според ваш вкус, а по желба може да додадете и шеќер (ние ви препорачуваме да го избегнувате!). Ако не го изедете целиот сладолед слободно можете повторно да го замрзнете, а исто така можете да додавате и различни вкусови кои ги сакате, како на пример чоколадо, карамела или друго овошје.


Booking.com