Брза и лесна торта која сигурно ќе ја обожавате!

 malini

 

Брза и лесна торта која сигурно ќе ја обожавате! Потребни состојки за нејзина подготовка:

- Едно пакување готови кори
- Едно пакетче малини (300 грама)
- 150 грама печени мелени лешници
- 100 грама бело чоколадо
- 400 грама шлаг
- 1 маргарин
- 4 кесички пудинг со вкус на слатка павлака
- 10 лажици шеќер
- 100 грама прав шеќер

Начин на подготовка:

Ставете го на оган филот од млеко со шеќер, па кога ќе зоврие, додајте 4 пудинга. Кога ќе се олади смесата, изматете го маргаринот со шеќерот во прав и стопете го белото чоколадо, па потоа сето тоа добро соединете го. Посебно изматете 200 грама шлаг и филувајте ја тортата според следниов редослед: Кори-фил-мелени лешници-шлаг и така по ред, а на половина торта ставете малини, па потоа продолжете со нанесувањето на филот. Изматете ја преостанатата количина шлаг и премачкајте ја целата торта одоколу и од страна.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?