Ако ви остана компот од приготвената зимница, или пак често го купувате, истиот можете да го искористите и да приготвите свежи и вкусни колачи.

 kompot

Ако ви остана компот од приготвената зимница, или пак често го купувате, истиот можете да го искористите и да приготвите свежи и вкусни колачи.

За подготовка на превртен колач со круши, потребно ви е:

- 1 тегла компот од круши
- 125 грама маслац
- 2 чаши жолт шеќер
- 4 јајца
-1,5 шолја брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
- Половина чаша јогурт
- Сок од половина лимон
- 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Во врел калап за печење ставете една чаша шеќер, па кога ќе почне да се топи, тргнете го од огнот и наредете ги исцедените круши. Прелијте со сок од лимон и ванила. Потоа распоредете една третина маслац. Изматете го преостанатиот шеќер и маслац, па во тоа додајте ги жолчките, брашното, прашокот за печиво и на крај изматените белки. Прелијте ја смесата преку крушите и печете 35 минути на 180 степени. Со чепкалка проверете дали тестото е готово.

Испечениот колач покријте го со поголема чинија и брзо превртете го колачот на чинијата. Уживајте со вашите најмили!

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?