Домашното зачинско масло со оригано и ловоров лист е идеално за разни салати и јадења.

 

Домашното зачинско масло со оригано и ловоров лист е идеално за разни салати и јадења. Во продолжение погледнете како да го направите истото.

Потребни состојки:

- 3-4 гранки оригано
- Ловоров лист
- 5 децилитри маслиново масло

origano

Измијте и добро исушете едно шише од 0,75 литри. Потоа измијте го и исушете го ориганото и ставете го во шишето. Додајте маслиново масло така што гранките ќе бидат сосема покриени. Добро затворете го шишето и ставете го да стои три недели на темно и ладно место. Ова вкусно ароматично масло можете да го користите за подобрување на вкусот на пицата, салатите или било кое друго јадење.


Booking.com