Овие мафини познатата филмска дива ги прави речиси секој ден за појадок!

Малку ленено семе и чија семки измешани со банана пире даваат вкус на магија. Пробајте па пишете ни дали ви се допаѓа.

2/3 шолји од растително масло, плус масло за подмачкување
1 2/3 шолји брашно
1 лажичка цимет
1 лажичка сода бикарбона
½ лажичка морска сол
4 лажички семе од лен
2 лажички семе од чија
2/3 шолји пире од свежи банани
½ шолја шеќер
½ кокосов шеќер
2 јајца

ПОДГОТОВKА:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во голема чинија измешајте брашно, цимет, сода бикарбона, сол. Потоа додадете ги семките. Во оваа смеса додадете и пире од банани, шеќер, масло и јајца. Измешајте. Потоа ставете во калапи за мафини и можете да ги посипете семето од чија. Печете околу 20 минути, а можете да видите со чепкалка дали мафините се готови.

Извор: Stvar ukusa


Booking.com