FaceBook  Twitter  

Салатата е идеален оброк за сите што внимаваат на исхраната бидејќи зеленчукот што се користи за нивната подготовка содржи малку калории.

Она на што треба да се внимава се маслата и сосовите кои се додаваат, а кои можат да бидат прилично калорични. Според тоа, внимавајте при подготовката на вашата салата и избегнувајте ги непотребните маснотии (на пр. користете маслиново масло, наместо обично). Исто така, важно е да не додавате мрсни сирења и да внимавате на комбинациите на намирници, на пример да не додавате во исто време месо и тестенини, компир, лебни трошки и сл.

РАМСТЕК САЛАТА

Состојки:

- Јунешка плешка - 0.30 kg
- Свежа тиквичка - 30 g
- Црвена пиперка - 30 g
- Жолта пиперка - 30 g
- Шампињони - 30 g
- Мотовилац - 20 g
- Зелена салата - 50 g
- Црвен радич - 30 g

Зачини по желба: бибер, сол, маслиново масло, магданос, мајчина душица, балсамико

Подготовка:

Лиснатиот зеленчук се чисти, мие и се кине на прачиња. Тиквичките и пиперките се чистат и сечкаат на ленти. Шампиљоните се чистат, мијат и сечкаат. На маслиново масло се пропржува рамстекот (парче месо од јунешка плешка без коска) и се сече на ленти. На истото маслиново масло се пропржуваат и шампињоните, се додаваат пиперките, а потоа и тиквичките. Се зачинува со бибер, сол и балсамико. Пропржениот зеленчук и парчињата месо се сервираат врз искинатите листови салата, се прелива со маслиново масло и се украсува со свежи билки.

Премини на следната страна >>

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Фрути ди Маре, не ви нуди само храна, туку и начин на живеење…
Хотел Белви**** дел од Metropol Lake Resort
Хотел-вила со три ѕвезди сместен во мирна и тивка околина, на само 5 минути пешачење од цен­тарот на градот. ...
Хотел Метропол**** е дел од Metropol Lake Resort
Место кое зближува, кој еднаш кој дошол сигурно ќе се врати.