FaceBook  Twitter  

Кљукушата е старо традиционално босанско и херцеговинско јадење кое се подготвува брзо и лесно, а е многу вкусно.

Има многу различни рецепти за оваа пита, но сепак за најубава се смета онаа со компир која е вистински класик на босанската кујна. Ова е многу економичен оброк во кој ќе ужива целото семејство. Се смета дека питата е поубава кога е потенка, но вие слободно можете да експериментирате.

Потребни состојки:

- Околу 2 килограми компири
- 200g брашно,
- 150 ml масло,
- Сол и бибер по вкус
- 2 главици кромид (или 2 страка праз),
- Парче путер.

Подготовка: Излупете ги компирите и изрендајте ги на крупно ренде. Оставете убаво да се исцедат а потоа во нив додадете го маслото и зачините. На крајот додадете го и брашното и се убаво измешајте со рацете. По желба можете да додадете и ситно исечкан кромид. Исто така, по желба можете да додадете и исечкани тиквички. Вклучете ја рерната на 250C и ставете го убаво подмачканиот плех (од рерната) да се загрее. Во загреаниот плех сипете ја смесата и печете околу половина час. Пред самиот крај намачкајте ја со путер и повторно вратете ја во рерната да се запече. Кога убаво ќе порумени одозгора, питата е готова.

Пријатен апетит!

 

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Хотелот “Континентал” е најголемиот хотел во Скопје, познат по своето долгогодишно искуство и традиција . ...
Најдобар Spa Resort за регионот Балкан на World Spa & Wellness Awards 2014 во Лондон.
Хотел "Сити Парк", отворен во октомври 2010, е нов, модерен и луксузен хотел со 4 *. ...
Гостилница која со духот и мирисот на староградско-етно стилот ќе ве натера да се чуствувате како во раните 40 години. ...
Хотел Силекс се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро во кругот на одмаралиштето Свети Стефан. ...