matte

Колку пати ви се има случено да сакате да направите некое пециво или десерт, но немате прашок за пециво? Но, не откажувајте се од намерата. Еве еден трик со кој можете да се послужете во такви ситуации.

Ако не сте знаеле во недостаток на прашок за пециво кое ви е потребно за печење на колачи или пецива можете да користете и сода бикарбона. Секако, содата нема да го има истиот ефект како и прашокот за пециво, но можете да ја користете во кризни ситуации. Само треба да имате на ум дека никако не смеете да ставите во колачот и едно и друго бидејќи на тој начин ќе добие незгоден вкус. Исто така треба да запомнете дека од прашокот за пециво колачите раснат во висина, додека од содата во ширина, па имајте го тоа на ум кога избирате сад за печење.

Ако во рецептот се користи прашок за пециво, какао прав или густин, најдобро е таквите состојки да ги измешате со брашно, а потоа се заедно да го просеете. На тој начин прашокот за пециво, густинот или какаото рамномерно ќе се распоредат и ќе добиете многу подобри бисквити.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com