Имаме поголеми куќи, но мали семејства, повеќе удобност, но помалку време.

 1 zhivot

Имаме поголеми куќи, но мали семејства, повеќе удобност, но помалку време. Имаме повеќе дипломи, но помалку знаење и разум, повеќе експерти, но уште повеќе проблеми, повеќе медицински достигнувања, но помалку здравје... Повеќе сме насочени кон нездрави навики, трошиме непромислено, а се смееме помалку. Возиме пребрзо, лесно се лутиме, предоцна легнуваме, стануваме уморни, не читаме доволно... Се молиме ретко.

Зголемен е нашиот имот, но се намали неговата вредност. Премногу зборуваме, премалку сакаме, пречесто мразиме. Учиме како да преживуваме, но не и како да живееме. Настојуваме да го прочистиме воздухот, но си ја загадуваме душата.

Планираме премногу, но постигнуваме премалку. Научени сме да брзаме, но не и да чекаме. Имаме поголема заработка, но понизок морал. Имаме храна, но сепак сме неблагодарни. Честопати тежнееме кон квантитет, а забораваме на квалитетот. Постојат многу луксузни куќи, но и разведени семејства и поделени домови. Запаметете дека најважно во животот е што повеќе време да поминувате со саканите личности, затоа што тие нема вечно да бидат овде. Бидете љубезни и сочувствителни.

Сетете се да ги прегрнте оние кои се покрај вас, затоа што тоа е единственото богатство, а нема да ве чини ништо. Сетете се да му кажете „Те сакам“ на вашиот партнер и на вашите сакани, но најважно е искрено да го мислите тоа. Смејте се почесто, подолго и поискрено. Смејте се додека не го изгубите здивот.

Текстот е напишан од американски комичар, Џорџ Карлин, по смртта на неговата сопруга.

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?