За првиот состанок, освен местото, многу е важно да изберете и соодветна комбинација на облека, со која нема да покажете премногу, но сепак ќе изгледате неодоливо.

 sostanok

За првиот состанок, освен местото, многу е важно да изберете и соодветна комбинација на облека, со која нема да покажете премногу, но сепак ќе изгледате неодоливо. Прво правило до кое морате да се придржувате, е да не покажувате премногу кожа, но тоа не значи дека треба да се закопчете до грлото. За првиот состанок одберете класични модни парчиња, како едноставна кошула, преку која можете да облечете и елегантно, црно сако. Црната боја комбинирајте ја со впечатливи бои, како на пример сребрена, а целата комбинација заокружете ја со секси сандали со високи потпетици, а и со долги обетки.

Состанок во дом

Ако се состанувате во куќа, тоа не значи дека треба да облечете тренерки и патики. Совршената комбинација е лежерна и удобна, но сепак со доза елеганција. Одличен избор се тесни фармерки, мек и удобен џемпер и модерни балетанки. Не заборавајте на она што ќе го носите под облеката.

Состанок на изненадно место

Ако партнерот одлучил да организира состанок на изненадно место, па не знаете каде одите и што можете да очекувате, тогаш вистинскиот избор е мултифункционална комбинација која ќе вклучува црна боја. Облечете удобни панталони и не многу впечатливи чевли кои ги носите во сите прилики. На сето тоа одлично ќе ви изгледа и кожена црна јакна која може да послужи и за опуштени, но и за поелегантни излегувања. Таа црна идила развеселете ја со чанта во интересна боја.

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?