Мудроста не е нешто што е вродено.

 mudri

Мудроста не е нешто што е вродено. Таа е резултат на многу искуства, грешки, подеми и падови. Оној кој во раце добил сѐ одеднаш, не мора да значи дека е мудар човек. Човекот го гради својот карактер на многу различни начини и настани со кои се соочува во животот. Погледнете ги овие цитати кои ќе ви ја покажат значајноста на мудроста и кои ќе ве поттикнат да остварувате сѐ повеќе и повеќе во животот.

„Подобро е да бидете лав еден ден, отколку овца целиот свој живот.“ – Елизабет Кени

„Искреноста е првото поглавје во книгата на мудроста.“ – Томас Џеферсон

„Единствената вистинска мудрост е во знаењето дека не знаете ништо.“ – Сократ

„Дисциплината е мост помеѓу целите и нивното остварување.“ – Џим Рон

„Знаењето зборува, но мудроста слуша.“ – Џими Хендрикс

„Немојте да го добиете светот, а да ја изгубите својата душа. Мудроста е подобра од среброто и златото.“ – Боб Марли

„Што и да правите во животот, опкружете се себеси со паметни луѓе кои ќе се расправаат со вас.“ – Џон Вуден

„Науката е организирано знаење. Мудроста е организиран живот.“ – Емануел Кант

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?