Многумина во многу ситуации имаат навика да не ги ставаат своите најблиски на нивната приоритетна листа, мислејќи дека тие секогаш ќе бидат тука до нив и безусловно ќе ги сакаат.

 1 zaboravaat

Многумина во многу ситуации имаат навика да не ги ставаат своите најблиски на нивната приоритетна листа, мислејќи дека тие секогаш ќе бидат тука до нив и безусловно ќе ги сакаат. Но, како очекувате да добиете нешто ако не вложите во негов раст? Зошто да претпоставувате дека оние кои ве сакаат секогаш ќе бидат спремни да се жртвуваат? И повеќе од јасно е дека оној кој ве сака безусловно нема да ве повреди и ќе се труди да биде тука за вас, но тоа не ви дава право кон таа личност да се однесувате недостојно. Како би можело некое цвеќе да порасне и остане во живот, ако не го залевате со вода?

Исто е и со луѓето ...

Без разлика дали некоја личност е дел од вашето семејство, ваш близок пријател и слично, секому треба да обрнувате внимание, да го цените неговото време и да ги разбирате неговите потреби. Најчесто луѓето се обидуваат да ги задоволат другите, сакајќи да им остават подобар впечаток, притоа заборавајќи дека ги повредуваат и ги занемаруваат оние кои навистина им се важни во животот. Можеби ќе си помислите дека вашите поблиски нема да ви се налутат или пак дека полесно ќе ви простат, но со тоа вие не правите ништо добро, ниту за вас, ниту за вашите сакани. Така постепено ќе ги оставите зад вас сите задоволства кои произлегуваат од вашите дружења и ќе се претворите во „робот“ кој упорно настојува да ги усреќи другите, без да сфатите дека тоа е речиси невозможно. Затоа, наредниот пат кога ќе ја составувате приоритетната листа на обврски и задачи во вашиот живот, внимавајте каде ќе ги вклучите вашите најблиски.

Следете ги вашите соништа - парите можат да исчезнат многу побрзо отколку што дошле >>

Не заборавајте ги оние кои никогаш не ве забораваат вам и би го дале дури и животот за вие да бидете среќни. Вложувајте во она што ќе роди плод кој ќе ја задоволи вашата душа, а не вашите очи! Ценете ги и почитувајте ги вашите блиски, затоа што само тие се вистински заинтересирани за вашата среќа и благосостојба!

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?