Умеете ли на вистинскиот начин да ги процените своите квалитети, заслуги и достигнувања?

 test

Умеете ли на вистинскиот начин да ги процените своите квалитети, заслуги и достигнувања? Дали кон себе сте претерано строги или премногу попустливи? Колку е нагласено вашето самољубие? Решете го овој тест и откријте ги одговорите на овие прашања.

1. Додека во автобус читате весник, забележувате дека некој од сопатниците фрла поглед кон насловите од весникот. Како реагирате?

А) Го затворате весникот, затоа што ви пречи неговата љубопитност
Б) Го игнорирате и продолжувате да читате
В) Му велите дека ќе го затворите весникот кога ќе завршите со читање

2. Кога некој би ве прашал што мислите за својот изглед, што би му одговориле?

А) Би ги откриле своите мани
Б) Зависи од ситуацијата и од тоа дали сакате да флертувате или да бидете искрени
В) Би рекле дека изгледате одлично

3. Додека сте со пријателите или на деловен состанок, вашиот глас е...

А) Остар и гласен
Б) Нормален, пратен со гестикулација
В) Доволно силен за да ве чујат сите

4. Како се чувствувате на работното место?

А) Со некои колеги не сте во добар однос
Б) Добро сте вклопени
В) Неопходно ви е нормално одвивање на сите работни задачи

5. Оние кои добро ве познаваат за вас велат...

А) Дека имате уметничка душа
Б) Дека сте створени за авантура
В) Дека сте родени да бидете шеф

6. Спремни сте на блефирање...

А) За да ги откриете тајните на вашиот партнер
Б) За да добиете некоја мала победа
В) За да ги надмудрите вашите пријатели кои се фалат

7. Комплиментите за вас се....

А) Доколку се искрени, потврда за вашата вредност
Б) Охрабрување
В) Пријатни

8. Тешко ви е кога сакате или морате...

А) Да побарате подобра маса во ресторан
Б) Да откажете состанок „во пет до дванаесет“
В) Да ги признаете своите љубовни порази

 

Одговорите погледнете ги на следната страна >>

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?