Немањето утеха, поддршка и мотивација од некоја личност која некогаш ви била сѐ, може да боли повеќе од која било болка.

 nedostig

Немањето утеха, поддршка и мотивација од некоја личност која некогаш ви била сѐ, може да боли повеќе од која било болка. Понекогаш животот ве доведува до раскрсница, каде што имате можност да ја изберете вашата патека, а понекогаш едноставно ве остава на слеп пат, самите на себе. Недостигањето е празнина која не може лесно да биде пополнета. Всушност, во многу случаи таа останува засекогаш присутна. Ќе доаѓаат моменти кога ќе се радувате и ќе се чувствувате како најсреќната личност во светот. Моменти кога ќе ви се исполнат сите желби, кога ќе ја имате посакуваната љубов и здравјето на вашите најмили. Моменти за кои некој веќе одамна сонува… Но, од едно мало место скриено под сета оваа среќа, се наоѓа токму тој недостиг. Понекогаш седејќи ќе почувствувате врла солза на вашето лице, која одново и одново остава нови лузни на вашата душа. Понекогаш гледајќи во случајните минувачи, ќе препознаете нешто што вие сте го изгубиле, одамна, но раната боли како да било вчера. Ќе постојат моменти кога и во среќата ќе пронајдете тага, затоа што не ќе можете да ја споделите со една од најважните личности во вашиот живот… И така ќе се потсетувате секогаш…

Затоа, понекогаш недостигот е најголемата болка за човековата душа.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?