Оние кои не се мрзливи, не можат да ги разберат мрзливците.

 citati

Оние кои не се мрзливи, не можат да ги разберат мрзливците. Тие се совладани од едно посебно чувство и се наоѓаат во една состојба каде што им изгледа дека сѐ е возможно да се оствари во утрешниот ден. Но, утрешниот ден секогаш има уште едно УТРЕ… И така во круг… Во чест на оваа карактеристика, во продолжение погледнете неколку цитати.

„Понудете му јајце на мрзлив човек, па ќе сака да го излупите наместо него.“ – Литванска поговорка

„Работете напорно и станете лидери, бидете мрзливи и никогаш нема да успеете.“ – Библијата

„Избирам мрзлива личноста за да изврши тешка работа. Затоа што мрзливата личност ќе најде лесен начин да го направи тоа.“ – Бил Гејтс

„Колку што е помрзлив еден човек, толку повеќе планира да оствари во утрешниот ден.“ – Норвешка поговорка

„ Единствен момент кога мрзливиот човек успева е кога се обидува да не прави ништо .“ – Еван Есар

„За мрзливиот човек секој ден е празник.“ – Турска поговорка

„Мрзливите луѓе секогаш се вознемирени кога треба да прават нешто.“ – Лук де Клапиерс

„Мрзливоста не е ништо повеќе отколку навика за одмор пред да се уморите.“ – Жил Ренар

„Не можете да ги научите луѓето да бидат мрзливи, тие или се или не се.“ – Дагвуд Бамстед

„Работата е закон за модерниот свет, каде што нема место за мрзливите луѓе.“ – Михаи Еминеску

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?