Претворајте ги понижувањата, потценувањата и потсмевањата во ваша сила.

Претворајте ги понижувањата, потценувањата и потсмевањата во ваша сила. Секоја потешкотија претворете ја во своја храброст. Наместо да плачете над нив, претворете ги своите рани во сила и ќе ја сфатите смислата на лошите работи во животот. Тогаш повеќе нема да жалите над малите ситници и грижи кои ви надоаѓаат, туку од нив ќе извлечете лекција која ќе ве води напред во животот.

Претворајте ги тешките моменти во своја преродба, како физичка, така и емоционална и духовна. Не прашувајте колку тие ќе траат, зашто нивното време ќе помине кога вие конечно ќе бидете подготвени да станете личност која треба да бидете. Тешките моменти ќе траат онолку колку ви е потребно да ги залечите вашите рани, па тогаш ќе сфатите дека секоја болка има своја причина и време кога се појавува. Нема ниту брзи промени, ниту брз успех. Талентот брзо пропаѓа ако не работите на него. Не верувајте во случајност, зашто она што ви се случува е овде со причина. Направете ги работите најдобро што можете и дадете сѐ од себе, па Бог ќе ви го врати тоа.

rani

Претворајте ги вашите рани во сила, секој ден, во сите ситуации. Тогаш кога ќе чувствувате дека сакате да побегнете од сѐ, покажете што сте научиле во минатото и не губете ја вашата верба. Само така нема еден ден да дојдете во состојба кога ќе жалите дека не сте го искористиле она што ви го нуди животот. Останете борци до самиот крај, па ќе видите дека она што не ве уништило, ве направило посилни.

 

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?