Не сакам премногу подароци и статус „во врска“ на социјалните мрежи.

 staromodna

Не сакам премногу подароци и статус „во врска“ на социјалните мрежи. Само сакам да имам директен и искрен маж до мене. Сакам старомодна љубов во којаработите се одвивале полека, но сигурно, каде што нема уште веднаш да тргнеме со најсилна брзина. Сакам да излегуваме на состаноци, да се разбираме и да се сослушуваме. Сакам да гледам како се однесува во живо, а не преку интернет. Сакам некој да ме покани на вистински состанок, да поминам часови подготвувајќи се за тоа излегување.

Сакам да дојде по мене и да ги почувствувам пеперутките во стомакот додека се движам кон неговиот автомобил. Сакам да седам со него во ресторан и серозно да зборуваме за важни животни работи. Не сакам да слушам трачеви ниту да зборувам за најновите трендови. Сакам да зборуваме за животот, за тоа од каде доаѓаме. Сакам да слушам што има да има да ми каже, но и тој да ме сослуша мене. Не сакам да се натпреварувам со неговиот мобилен телефон и да се борам да го добијам неговото внимание.

Сакам да се смееме и да се чувствувам полна со надеж. Сакам да ме носи до дома и да ме испрати до влезната врата. Сакам да биде искрен и да ми каже дали му бло забавно со мене. Не сакам да поминат денови чекајќи и надевајќи се дека тој ќе ми прати порака или ќе ми пише нешто на социјалните мрежи. Сакам да ми се јави, да му го чујам гласот. Не сакам игри, не сакам правила. Сакам искреност и директност. Сакам старомодна љубов, да дојде и да ме изненади со букет цвеќе. Не сакам премногу подароци, само сакам некој кој нема да ме преиспитува и ќе ме сака доволно. Сакам некој кој ќе се бори за нашата врска кога работите ќе станат потешки. Имам премногу љубов во себе која сакам да ја подарам некому. Затоа сакам љубов каква што имале нашите баби и дедовци, затоа што она што го научив од нив е тоа дека ТИЕ УСПЕАЛЕ!

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?