matte

Не можам да го замислам својот живот без тоа толку силно чувство наречено љубов.

 kompletna

Не можам да го замислам својот живот без тоа толку силно чувство наречено љубов. Љубовта е она што ме тера да излезам од својата зона на удобност и да се впуштам во бурните води на животот, осознавајќи го светот, збогатувајќи се себеси.

Ти си мојата љубов. Мојот извор на среќа. Те сакам поради она што си, поради тоа како правиш да се чувствувам. Ти си мојот изгубен дел од сложувалката кој го барав со години. Така совршено се вклопуваш, што не би сакала никогаш да заминеш подалеку. Ти ме правиш комплетна, и без страв би признала пред целиот свет дека во тебе ја гледам смислата на својот живот. Ти си моето сѐ, кога сѐ друго ми одземаат. Твојот поглед ја полни мојата душа, а твоите усни ја гаснат мојата жед.

Сѐ уште во мислите ми е првиот ден кога те видов. И тогаш знаев. Не само јас. Те препознаа и мојата душа и моето срце. Те препозна целото мое битие. Знаев дека само ти си она што ми треба. Знам и денес. Секогаш ќе знам дека само ТИ ме правиш комплетна.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО