Интересна приказна за генерациите од 1950-1980 година:

generacija1

„Преживеавме и сме родени нормални, иако нашите мајки кога ги болеше главата пиеле аспирин, јаделе храна од конзерва и работеле до последен момент на бременоста, а никогаш не биле тестирани на дијабетес.


Прво, преживеаве и сме родени нормални, иако нашите мајки кога ги болеше глава пиеја аспирини, јадеа храна од конзерва, пушеа и работеа до последен ден на бременоста не биле тестирани на дијабетес... Како деца се возевме во автомобили без појаси и воздушни перничиња и не моравме да имаме кациги на глава за возење велосипед или на ролшули... Пиевме вода од црево за полевање на градината, но не од флаши купени од големите трговски центри. Си ја делевме флашата кокта, кола и нара со нашите пријатели и никој не умре поради тоа...


Јадевме млечни сладоледи, бел леб и вистински путер, пиевме сокови кои и тогаш беа полни со шеќер, но не бевме дебели затоа што често си игравме надвор ...Излегувавме од дома наутро и си игравме по цел ден, криенка, крадци и полицајци, каубојци и индијанци, ластик, и се останато што само детската фантазија беше во можност да го смисли, се додека не се запалеа уличните светла кои и онака ги немаше премногу. Неретко од нас никој не можеше да не најде по цел ден, па родителскиот шамар беше дел од воспитувањето, а без злоставување во семејството.


И никогаш немаше проблеми.

Ги поминувавме деновите правејќи тркачки даски од отпад од подрум или шупа, се спуштавме низ улицата заборавјаќи дека не сме направиле кочници. После неколку паѓања, скршени прсти или модринки, научивме како да решиме проблем. Ние немавме имагинарни пријатели. Ние пријателите не ги додававме, туку со време ги стекнувавме! Немавме ни проблеми со концентрацијата во училиште.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?