matte

Децата обожаваат кога возрасните од семејството им пружат внимание.

 tetka

Децата обожаваат кога возрасните од семејството им пружат внимание. Дури и ако немате свои деца, тоа не значи дека не треба да чувствувате одговорност и кон своите внуци. Погледнете ги овие 10 идеи кои со сигурност ќе ве претворат во најомилена тетка.

1. Обраќајте им се како на возрасна личност

Децата сакаат кога им се обраќате како кон човечко суштество, а не како нешто мало, со разгален тон на гласот. Тоа што се мали и неискусни не значи дека се неинтелигентни. Затоа, разговарајте со нив како да се рамноправни членови на семејството, затоа што и навистина се тоа.

2. Покажете им некои „непријатни“ моменти од детството на нивните родители

Смејте се заедно и не срамете се да им ги покажете сите „невкусни“ модни комбинации кои сте ги имале во минатото.

3. Подарете им „совршени“ подароци

Бидете кул тетка и внимателно слушајте ги желбите и интересите на вашите внуци, па одберете подароци кои се совршени за нив. Без разлика дали станува збор за некоја друштвена игра, книга или слично.

4. Одведете ги на некој концерт или натпревар

Можеби не сте љубител на спортот, но тоа не значи дека не треба да ги исполните желбите на вашите внуци и да бидете совршен придружник за некој спортски натпревар.

5. Бидете нивно друштво дури и кога сте во група на возрасни луѓе

Не мора да значи дека ако сте во друштво на возрасни луѓе, вие треба да ги запоставите вашите внуци. Разговарајте со нив и пружете им внимание.

6. Помогнете им во нивното средување

Понудете се да им ги лакирате ноктите на вашите внуки или пак понудете им совет за тоа која модна комбинација најдобро им прилега.

7. Пратете им разгледница од вашиот одмор

Не се мисли на разгледница наменета за сите родители, туку само кон вашите внуци. Направете тие да се почувствуваат посебно и сакано.

8. Контактирајте преку Фејсбук

Кул тетките имаат профил на Фејсбук и го користат без проблем. Па, споделувајте слики, текстови и интересни содржини и со вашите внуци.

9. Допишувајте се преку мобилен телефон

Не мора да бидете во контакт со нивната мајка за да знаете што се случува во животот на вашите омилени внуци. Имајте го нивниот број на мобилен телефон и користете го секогаш кога ќе ви падне на памет.

10. Научете ги на игри од вашата младост

Секако дека денес користењето на технологијата е неизбежно, но ваша должност е да ги запознаете децата и со игрите од вашата младост.

Има ли нешто подобро од забавни игри на отворено?

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО