Кога се впуштате во врска со некој и сте на само еден чекор да ги изговорите тие два магични збора, постои загриженост дали и тој го чувствува истото и дали ќе ви биде возвратена таа љубов.

 sigurni

Кога се впуштате во врска со некој и сте на само еден чекор да ги изговорите тие два магични збора, постои загриженост дали и тој го чувствува истото и дали ќе ви биде возвратена таа љубов. Дури и ако уште не ви признал, вие лесно можете да откриете што чувствува тој, а овие 5 знаци се сигурни дека вашиот партнер навистина ве сака.

Насмевката кажува многу

Позната ви е онаа насмевка без некоја посебна причина? Тоа без сомнение е доказ дека ужива во времето поминато со вас.

Заштитнички е настроен кон вас и кон вашите чувства

Ако секогаш е на ваша страна, ве брани пред другите и никогаш не ги повредува вашите чувства, тоа е уште еден знак дека целосно сте го освоиле.

Секогаш сака да ви помогне

Иако не барате помош, заљубениот маж секогаш ќе се труди да ви го олесни животот.

Ви го разубавува секојдневието со мали работи

Иако го мрази тој филм, тој сепак ќе остане со вас и ќе го гледа со цело свое внимание, или пак враќајќи се од работа ќе ви го донесе омилениот десерт.

Секогаш е спремен за искрен и отворен разговор

Ако секогаш кога сте нерасположени и тој тоа го чувствува, сака да знае што ве мачи и на кој начин може да ги реши вашите проблеми, можете да бидете сигурни дека ве сака.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?