matte

Научив да живеам сама. Дури и го сакав тоа.

 sama5

Научив да живеам сама. Дури и го сакав тоа. Уживав во тоа да не ми е грижа за ништо и за никого. Одев во кино. Седев во омилениот ресторан... Се смеев на глупости и плачев за ситници.... Но успеав да бидам сама. Патував каде што сакав и правев планови само за себе. Читав книги и пишував текстови. Имав многу хобија. Со свои очи видов колку е разнобоен светот. Самата научив дека еднаш сонцето мора да зајде, но дека утредента повторно изгрева. Си зборував дека болката е дел од секое човечко битие, но дека сепак сум жива.

Најдов причина за живот. Се потсетив дека плачењето е сосема во ред, и дека после тоа доаѓа смеењето. Си дозволив до мене да допре болката, а притоа да растам и да научам нови лекции во животот. Бев сама, но не и осамена. Сѐ додека не ме пронајде ти. Бевме пријатели изгубени во сопствените светови. Како да сме биле на вистинско место, во вистинско време. Ми покажа дека кога го гледаме заедно, светот може да биде уште пошарен. Ми дозволи да спијам и да се будам до тебе. Го сподели својот свет со мене, а јас со тебе. Беше главен објект на моите фотографии. Пред тебе мислев дека никогаш повторно нема да засакам некого.

Но тогаш се појави ти

Пред тебе сакав да бидам сама. Но тогаш се појави ти. Не те ни чекав. Не очекував ништо. Сепак, ти дојде. Но за да ме оставиш. Ме остави со илјадници прашања на кои никогаш нема да добијам одговор. И покрај сето тоа, јас се надевам дека ти недостигам. Се надевам дека еден ден ќе се разбудиш и ќе сфатиш дека уште ме сакаш. Ќе те чекам колку и да треба. Сѐ додека можам. Сакам втора шанса. Ќе ти го дадам потребниот простор, и ако еден ден се разбудиш и сфатиш дека ти недостигам, слободно побарај ме и јас ќе ти се вратам.

Не сакам да верувам дека ова е крај. И понатаму се молам дека еден ден повторно ќе се сретнеме и ќе го разгориме стариот пламен. Дека ќе си дадеме уште една шанса. Можеби.

Можеби ова ќе се случи еден ден...

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com