ban2

Саманта Бун го отворила срцето и ја раскажува својата љубовна приказна.

 pismo

Саманта Бун го отворила срцето и ја раскажува својата љубовна приказна. Таа открила колку ѝ помогнало тоа што мажот што го сакала не ѝ ја возвратил љубовта и дека многу успеала да научи од една лоша љубовна врска.

„Минатата година ти реков дека те сакам, а ти не ми возврати. Од тогаш сум многу подобра. Ја поминав последната година повторно градејќи се себеси и поправувајќи го она што го остави скршено откако излезе од мојот живот. Моето внимание е насочено само на развој на најдобрата верзија од мене, за никогаш повторно да не бидам повредена. Не би ни помислила на тебе ако не ја видев најновата фотографија од тебе и твојата нова девојка. Морам да признаам, не ми беше сеедно. После почетното силно чукање на срцето, можев да пронајдам само два збора: Ти благодарам. Ти благодарам затоа што денес сум далеку од онаа девојка којашто бев. Поминав толку време барајќи ја твојата потврда за да ја потврдам својата вредност, а неа ја мерев преку твојата љубов. Очајна, слаба и кревка - таа девојка не сум повеќе јас.

Го обновив својот свет и јас самата во него. Направив некои работи кои никогаш не би ги направила доколку бев покрај тебе. Сега сум задоволна. Ти благодарам што не ми дозволи да го трошам своето време и енергија сакајќи те подолго отколку што требаше. Тоа време и енергија сега ги потрошив на себе. Ти благодарам што ми помогна да си поставам граници. Ти благодарам што ме направи поотпорна. Морав да научам да се носам со твоите двосмислени потези и пораки и останав емотивно уништена.

Ме држеше до себе под твои услови, затоа што така ти беше полесно.

Бев слаба. Си дозволив да станам роб на твоите зборови и дела. Она што тогаш ме уништуваше, денес не би го правело тоа. Моето срце се промени. Денес со насмевка можам да кажам дека сум среќна. Се надевам дека некоја друга ќе те направи среќен на начин на кој јас никогаш не можев. Јасно е дека нам никогаш не нѝ беше судено.

Ти благодарам што ме потсети на тоа.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?