matte

Една древна легенда зборува за три мажи кои носеле по две вреќи, но товарот не го чувствувале еднакво.

vrekja

Една древна легенда зборува за три мажи кои носеле по две вреќи, но товарот не го чувствувале еднакво. Кога го прашале првиот човек што има во вреќата, тој им одговорил: Сите мои успеси, сите мои добри дела и животни радости се во вреќата зад мене. Скриени од погледи, завршени, не ми сметаат многу. Во вреќата пред мене ги имам сите лоши и грди работи кои ми се случиле. Одам, застанувам, ги вадам, набљудувам и ги проучувам. Постојано сум со нив, и во мислите и во чувствата. Постојано работам на нив. Тој човек се мачел и многу бавно напредувал.

И вториот човек го прашале истото, па тој одговорил: Во вреќата пред мене ги носам добрите дела. Често ги гледам, ги вадам и им ги покажувам на другите. Вреќата која ја носам на грбот ги содржи моите грешки и моите слабости. Ги носам со себе каде и а отидам, затоа што тие се мои и не можам туку така да ги оставам на страна. Тие понекогаш се премногу тешки.

На истото прашање третиот човек одговорил: На предната вреќа го напишав зборот „добрина“. Таа е преполна со позитивни мисли, добри дела и сите добри работи кои сум ги имал и сум ги направил во животот. Таа вреќа не ми е тешка. Напротив, ми помага да се движам напред. Во вреќата зад мене има натпис „лоши сеќавања“ и таа е празна, затоа што ѝ го отсеков дното. Сѐ лошо што ми се случило го фрлам во таа вреќа, а преку дупката, тоа исчезнува засекогаш. Јас сум слободен. Немам товар кој ќе ме спречува да одам напред.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО