Еден летен сончев ден, човек со својот син отиде на прошетка во шумата.

sin1

Одеднаш, детето се спремна на еден камен и почна да вика од болка! Неколку секунди подоцна, од правецот на шумата се слушна истиот тој пивик. Детето, сега веќе збунето запраша: „Кој си ти?“, но се што се слушна од таму беше повторувањето: „Кој си ти?“.


Малиот веќе нервозно му возврати, КУКАВИЦА! Но повторно, се што се слушаше од шумата беше само повторување. Детето збунето го погледна таткото и го запраша што се случува.


-Сине, обрни внимание, рече таткото и гласно повика во правец на шумата: „Ти се восхитувам!“. Гласот повторно одговори на истиот начин, па таткото повика „Прекрасен си!“, а од шумата се слушна повторувањето!

Секогаш кога ќе се почувствувате тажно и депресивно сетете се на овие пет нешта!>>>

Детето стоеше возбудено сеуште не сфаќајќи за што се работи, а таткото тогаш му објасни. Луѓето ова го викаат ехо, но тоа е всушност животот. Животот секогаш ти враќа, онака како што му даваш. Животот е огледало на сите твои дела.

Колку е тешка твојата вреќа?>>>

Ако сакаш да има повеќе љубов, тогаш мора да подаруваш повеќе љубов. Ако сакаш да имаш повеќе добри работи во животот, едноставно подарувај добрина. Ако сакаш луѓето да имаат разбирање и почит за тебе, тогаш мораш повеќе да разбираш и почитуваш. Ако сакаш тие да се трпеливи, ти биди трпелив со нив.

Ова правило се однесува на секој аспект од животот. Животот секогаш ти враќа-онака како што му даваш. Текот, смислата и квалитетот на животот не се случајни, животот е огледало на тебе самиот!

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?