Се прашував дали секојдневниот притисок ми го нарушил здравиот разум или тоа на секој кој ќе се најде во вакви околности му се случува?

dvajca2

Пред да ми прснеше главата се молев тоа да престане, бидејќи се чувствував како во мене да живеат две души, присилно сместени во едно тело. Едниот секогаш беше дрзок, бесчувствителен, нервозен и груб кон светот, а оној другиот беше нежен, совршен, мил и имаше разбирање за сите. Понекогаш имав проблем да сфатам кој од нив всушност е вистинското јас.


Не можев да сфатам кој е оној што се буди и кој е оној кој легнува. Честопати знаев да застанам пред огледалото и да се соочам со нив двајцата. Имав многу прашања за тоа кого од нив треба да послушам. Дали оној кој секогаш гази над другите или оној кој се поклонува пред сите? Дали морав воопшто да изберам еден или можев да ја следам комбинацијата на нив двајцата за да живеам безгрижно? Колку и да пробав да извлечам некаков знак, немаше успех.

Важна порака за родителите: Ако имате син, добро запаметете го советот на оваа мајка>>>

Од моето зјапање во сопствените зеници немаше некој ефект.

Тие исчезнуваа, тогаш ги немаше, бев сам со својот одраз. Многупати се запрашав дали сум потполно тука со паметот, дали навистина постојат гласови или тоа беше потсвеста поучена од сите претходни збиднувања? Дали постоеа добриот и лошиот или тоа бев самиот јас со моето променливо расположение, а можев да забележам дека беше променливо само поради различните карактери на луѓето со кои останував сам.

Дали некогаш ќе најдев баланс помеѓу она што го карактеризирав како зло и она што беше ангелски совршено или едноставно требаше да бидам комбинација на тие две секојдневно за да ги задоволам гласовите во мојата глава и на тој начин правилно да живеам?

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?