Таа ќе те остави. Не поради тоа што си го направил, туку поради работите кои не си ги направил.

 napushtanje

Таа ќе те остави. Не поради тоа што си го направил, туку поради работите кои не си ги направил. Не поради тоа што си ѝ рекол, туку поради она што никогаш не си го изговорил. Таа ќе си замине затоа што си ѝ рекол дека ја сакаш, а тоа не си го покажувал. Си ѝ зборувал тивко, шепотејќи, во средина на ноќта, а никогаш навистина не си го почувствувал значењето на тие зборови.

Таа ќе те напушти, затоа што никогаш не си се појавувал во нејзините значајни моменти. Кога те молела да ѝ помогнеш, да ја утешиш, да ѝ ги покажеш своите чувства, ти само си ги собирал рамињата, не знаејќи што да направиш. Си ѝ ветувал толку многу работи, но ништо од тоа не се остварило. Ќе те напушти, затоа што тебе никогаш искрено не ти било гајле за неа. Зашто ако било спротивното, не би ја лажел и не би измислувал бесмислени изговори. Не би ѝ се налутил поради некоја мала и неважна работа. Ако ти била важна, ти би ја слушал. Би ги слушал нејзините желби, што сака таа и што ѝ е потребно.

Ќе те остави, затоа што ти не си личноста каква што се претставуваше. Ќе си замине затоа што ти немаш сила да ги направиш вистинските работи. Немаш љубов внатре во своето срце. Немаш ниту храброст. Затоа ќе си замине и нема да се врти назад. Затоа што заслужува некој кој ќе ѝ ја подари потребната љубов. Некој кој ќе се бори за неа. Таа заслужува да биде сакана, затоа и заминува, за да ја пронајде својата среќа.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?