loading...

Можеби некој ќе ја прогласи за виновна и ужасно лоша мајка, но таа своите синови ги учи слободно да ги покажуваат своите емоции.

 sin

Можеби некој ќе ја прогласи за виновна и ужасно лоша мајка, но таа своите синови ги учи слободно да ги покажуваат своите емоции.

Причината зошто одлучила јавно да реагира е поради една неодамнешна случка кога ѝ се приближил некој целосен странец и ја прашал зошто го тешела својот осум годишен син кога добил удар во главата на еден училиштен кошаркарски натпревар.


„Видев како го удира топка. Како во забавен филм. Точно видев како едвај дојде при себе. Ме бараше, знам. Моите нозе едноставно не можеа да останат на место. Дотрчав до него, клекнав, го прегрнав и го пуштив да ја искаже својата болка. Но потоа до мене се приближи еден целосен странец и ми рече да престанам да се однесувам кон детето како кон бебе. Го избришав лицето на син ми и кога се уверив дека сѐ е во ред, го пратив на натпреварот и дури потоа почнав да се тресам. Од бес! Од каде воопшто таа идеја дека децата ништо не може да ги повреди, дека ништо не смее да ги повреди и дека не треба да се чувствуваат така.

Тој притисок секогаш да бидат 'машки' па кога ќе пораснат не може да се осмелат да ги покажат своите чувства, да не покажуваат љубов. Единствено што им останува е покажување и јавно уживање во среќата. Нив ги учат дека тагата е знак на слабост, дека стравовите се детинести и дека мажите не треба од ништо да се плашат. За плачење па и да не зборуваме.

Да се разбереме, љубовта е нешто што правиме, а не само нешто што чувствуваме. Љубовта не е бакнувањето и не е нешто што е лошо. Јас секогаш ќе го бранам својот син и ќе го тешам кога нешто кога ќе го боли. Затоа што и тоа го заслужува. Ќе му пружам љубов и ќе го учам слободно да ги покажува своите чувства.“

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО