Ми се допаѓаш најмногу затоа што твојата едноставна порака целиот лош ден може веќе во следниот миг да ми го претвори во добар и весел.

 dopaganje

Ми се допаѓаш затоа што твојата едноставна порака целиот лош ден ми го претвора во добар и весел. Ми се допаѓаш, затоа што ме тераш повторно да ги прочитам сите твои стари пораки и да се смеам, како да ги читам прв пат. Ми се допаѓаш затоа што имаме многу заеднички работи, но и толку многу различности кои меѓусебно си ги истражуваме.

Ми се допаѓаш затоа што имаш страст. Имаш соништа. Затоа што ме охрабруваш да ги следам своите. Ми се допаѓаш затоа што си креативен, имаш посебна моќ и во мене откри една посебна страна за која не мислев дека постои. Ми се допаѓаш затоа што ме изненадуваш секој ден и се трудиш секој наш заеднички момент да биде поминат во уживање.

Ми се допаѓаш затоа што откако сме заедно, толку сум среќна што ти му даваш една посебна смисла на мојот живот. Ми се допаѓаш затоа што по малку си глупав. Но твоите мани ти никогаш не ги криеш. Ти си еден од ретките луѓе кои се искрени, едноставни и природни. Ти си свој. Ми се допаѓаш поради твојата добрина и поради тоа што си толку сладок.

Премини на следната страна >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?