Во животот на некои мажи постојат прва и втора жена.

 vtora1

Во животот на некои мажи постојат прва и втора жена. Жена кај која се враќа безбедно во својот дом и жена која му нуди возбудување и кон која не постојат обврски. За оваа непријатна тема во овој текст зборува една жена која намерно избрала да биде друга. Таа во текот на животот научила дека онаа која е прва е жирант за кредит, ги пере алиштата и извршува други домашни задачи, раѓа и одгледува деца, готви, оди онаму каде што не ѝ е желба, мисли дека мора да го прави она што не мора и слично.

А сето ова не мора да го прави втората жена!

И не треба. И не го прави. И не очекува. Таа само ужива кога ќе посака. Без подготвувања, без посебни барања. Втората жена никогаш ништо не гарантира. Таа само дава дел од своето време и уште некои ситници кои значат задоволство. Истото тоа и го зема. Ниту помалку ниту повеќе. Таа не прашува, не бара одговори, ниту пак одговара. Втората жена не се интересира каде е мажот, со кој е, зошто е и зошто не е. Таа се гледа само себеси и како да се задоволи. Втората жена не се интересира за животот на другите, ниту пак туѓите избори. Втората жена е тајна. За неа знаат само ѕидовите и чаршафите. Нејзините или хотелските.

Проверете дали имате добра сексуална хемија со вашиот партнер >>

vtora1

Втората жена не е запишана во телефонскиот именик, затоа што не сака да се изложува на ризик. Првата знае да биде опасна ако ја открие втората, често знае да биде опасна токму за жената, а не за нејзиниот маж. Некогаш првата и втората жена работат заедно. Некогаш се сосетки, а некогаш и кума. Некогаш првата ѝ ја прави фризурата на другата. Или обратно. Втората секогаш, буквално секогаш знае што може да очекува.

Таа не се надева, не живее во илузија, не фантазира. Таа живее поопуштено за разлика од мажот, затоа што таа не лаже никого. Таа не се вознемирува и не се кара, затоа што нема околу што. Нема причина за тоа. На втората жена ѝ е многу полесно отколку на мажот.

Втората не се интересира да биде на првото место!

Таа никогаш нема да направи првата жена да дознае за неа, а ако тоа се случи, за тоа е одговорен особено тој. Втората за себе секогаш е прва. Втората не е само нему втора. Таа нема никогаш да биде прва. Ниту нему, ниту на кој било друг. Затоа што не сака да биде тоа. Знае дека не мора. Втората секогаш знае дека е втора. Првата секогаш мисли дека е прва.

10 причини зошто мажите не ја сакаат омилената женска поза во сексот >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?